Најмалку 185 луѓе се убиени во борбите меѓу нигериската армија и терористичката организација Боко Харам во едно рибарско место на североистокот на земјата.
Борбите почнале во петокот, а траеле до вчера поради што жителите на тој регион избегале во пределите околу езерото Чад.
Нигериската војска, конечно, вчера успеала да влезе во селото каде што затекнала 185 мртви тела, како и запалени куќи, продавници и возила.
Ваквите напади се дел од долгогодишните немири на северот на Нигерија. каде што живее доминантно муслиманско население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


