| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Марсеј сакаа да се пресметаат со фудбалерите

navivaci marsej

Олимпик Марсеј доживеа непријатен пораз (2-5) на домашен терен од Рен, а фановите на домашниот тим сакаа да го прекинат мечот и да се пресметаат со фудбалерите. Огромни проблеми со нив имаше полицијата и редарската служба, но, сепак, успеаја да ги задржат на трибините за мечот да дојде до својот крај.

Марсеј е во очајна форма и има само една победа во шампионатот во последните десет натпревари, па фановите се апсолутно незадоволни од резултатите и сакаат да тераат своја правда.

Рен поведе со 0-3 на „Велодром“ по само дваесетина минути игра со головите на Гуркуф, Диање и Дембеле. Потоа Товин и Роландо дадоа малку надеж за домашниот тим намалувајќи на 2-3, меѓутоа повторно Гуркуф и Сио го зададоа конечниот удар за убедлив триумф на гостите од 2-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top