Саудиска Арабија се бори против тероризмот на свој начин. Наместо во затвори со строг режим, Саудијците се справуваат со верскиот екстремизам така што на уапсените исламистички терористи им нудат „луксузна рехабилитација“ вклучувајќи советување, бањски третмани и рекреација во рехабилитацискиот центар во Ријад.
Државата не штеди пари на нивното рехабилитирање, па така тие во „затворот“ имаат базен, сауна, теретана, дневен престој со телевизија… Терористите со добро поведение, пак, имаат право на дводевна пауза, а тие што сакаат да бидат сами со нивните сопруги имаат специјални апартмани во состав на комплексот.
Луксузниот комплекс се простира на површина од десет фудбалски игралишта, во кој има простор за сместување на 228 члена на „девијантната група“, како што се нарекува Ал Каеда во оваа земја.
– За да го победиме тероризмот, мораме да им понудиме психофизичка рамнотежа со дијалог и способност за уверување – изјави директорот на рехабилитацискиот центар, Саид ал Биши. Според него, до сега оваа програма опфатила 2.336 припадници на Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Си-Ен-Ен: Саудијците се подготвени да го признаат убиството на новинарот Кашоги
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга






