Вчера во 14,50 часот на влезниот сигнал на железничката станица Јане Сандански, патничкиот воз бр.643, кој сообраќа на релација Скопје-Битола, управуван од С.Н.(51), наишол на камења поставени на железничката пруга. Возот удрил во камењата со што е предизвикана материјална штета, а воедно е и загрозен железничкиот сообраќај, како и безбедноста на патниците. Повредени лица нема.
Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата не е во прекин.
Ова е втор ваков инцидент овој месец. На 3 март, патничкиот воз што сообраќал на оваа иста релација, на дел од пругата помеѓу железничка станица Гостиражни и железничка станица Прилеп,наишол и удрил во поставени камења маскирани со гранки, најверојатно поставени од непознати лица.
Притоа била оштетена инсталацијата на машината со што бил загрозен железничкиот сообраќај, како и безбедноста на патниците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун