| четврток, 6 декември 2018 |

Во вчерашната полициска акција во Брисел уапсени пет лица

Белгиската полиција во вчерашната антитерористичка акција во Брисел уапси вкупно пет пет лица, меѓу кои и е првоосомничниот за организрање на нападите во Париз лани во ноември, Салах Абдеслам.

Како што соопшти доцна синоќа портпаролот на белгиското Федерално јавно обвинителство. Тјери Вертс, при акцијата Абдеслам бил полесно ранет во ногата, поради што е пренесен во болница.

При акцијата бил ранет уште еден од уапсените, кој исто така е хоспитализиран, додека останатите тројца се одведени на сослушување пред истражител.

Сите останати четворица упасен се членово на семејството во чии стан се криел Абдеслам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top