| четврток, 6 декември 2018 |

Топ-8 фазата во Евролигата е реалност, Црвена Звезда со неверојатен пресврт славеше во Малага (видео)

crvena zvezda

Црвена Звезда успеа да слави на гостувањето против Уникаха Малага со 72-78, остварувајќи многу значаен триумф во Евролигата. „Црвено-белите“ имаа негатива од 16 поени разлика (43-27) на полувремето и цели -19 разлика на почетокот на третата четвртина, но одиграа фантастично во третиот и во четвртиот период. Ги добија со вкупно 22 поени предност и на крајот заслужено славеа победа. Сега Црвена Звезда е на чекор до Топ 8 во елитното европско кошаркарско натпреврување.

Стефан Јовиќ со 16 поени и Марко Симоновиќ со 12 поени сите од линијата за три поени, беа најефикасни во составот на Црвена Звезда, додека поентерски најрасположен на мечот беше српскиот репрезентативец во редовите на Уникаха Немања Недовиќ кој постигна 22 поени.

Со оваа победа Црвена Звезда се искачи на делба на второто место на табелата со екипите на Локомотив Кубан и Панатенаикос на три кола до крајот на групната фаза.

Ефес Пилсен ја совлада Цедевита на домашен терен со 80-76, а Олимпијакос беше убедлив против Жалгирис (74-59). Принтезис со 17 поени беше предводник во победничкиот тим на Олимпијакос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top