| четврток, 6 декември 2018 |

Дел Боске го изостави Коста од списокот за пријателските средби со Италија и Романија

Фудбалерот на Челси, Диего Коста, не доби повик од селекторот на репрезентацијата на Шпанија за настап на мартовските пријателски средби против Италија и Романија.

Селекторот на Шпанија, Вистенте дел Боске, на местото на Коста го повика 35-годишниот напаѓач на Атлетик Билбао Ариц Адуриз.

Диего Коста не се опорави од повредата на колкот која ја заработи во текот на реванш пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, но три дена подоцна играше против Евертон во ФА Купот.

– Против ПСЖ чувствуваше болки, потоа одигра уште еден натпревар, но не се опорави. Поради тоа одлучивме да го изоставиме и овој пат – изјави Дел Боске.

Неговата замена е меѓу најдобрите стрелци во шпанската лига, досега во првенството постигна 17 гола, а во Лигата на Европа осум. Шпанија ќе игра пријателски натпревар со Италија на 24 март, а со Романија три дена подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top