| четврток, 6 декември 2018 |

Косовското собрание го одобри договорот за нормализирање на односите со Србија

Собранието во Косово ја изгласа резолуцијата со која се изразува поддршка на договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија што беше постигнат во Брисел. Против договорот беа 7 од 92 пратеника, главно од движењето „Самоопределување“.

Премиерот Хашим Тачи во излагањето пред пратениците рече дека договорот со Србија е договор за иднината на двете земји.

Договорот е договор за иднината, за мир и сигурност на Косово и на регионот. Тоа е договор кој обезбедува наш суверенитет на целата територија, расформирање на паралелните структури и почитување на Уставот и законите на Косово во секој дел на државата, рекол Тачи на вонредната парламентарна седница што се одржа доцна синоќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top