Руската тенисерка Марија Шарапова откри дека била позитивна на допинг – тест на Австралија Опен, по што ја очекува повеќегодишна суспензија од тенисот. Таа се покажа позитивна на супстанцата „Мелдониум“, а неверојатно е каков ефект тоа има на продажбата на лекот „Милдронат“ кој се произведува и продава во Русија. Дури двојно повеќе лекови од вообичаено се продадени во периодот од 7. до 13. март, односно вкупно 78.300 парчиња, по признанието на Шарапова дека го користела овој лек, кој од почетокот на 2016 година е на листата на забранети супстанци на ВАДА.
– Можеби тоа и донесе големи неволји на Шарапова, но за нашата компанија допинг-скандалот има неверојатно позитивен одек. Продажбата на лекот „Милдронат“ е зголемена за повеќе од двојно. Можеби сега луѓето многу повеќе веруваат дека овој лек може да им помогне. штом го користела и Шарапова за подобрување на своето здравје. Инаку, сите жалиме што руската тенисерка ја очекува суспензија – изјави Сергеј Чулиак, извршниот директор на компанијата „ДСМ Груп“, која го произведува „Мелдониумот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.