| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Враќањето во Дортмунд е најубавиот подарок што фудбалот можеше да ми го даде

jirgen klop

Денешната ждрепка во Нион за четвртфиналните двојки од Лигата на Европа сакаше германскиот тренер на клупата на Ливерпул Јирген Клоп да се врати назад во Дортмунд, откако денешното извлекување му ја додели токму Борусија како ривал на Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на Европа. Германскиот стратег, кој освои неколку титули со „милионерите“, тврди дека е задоволен од ждребот, иако за ривал го доби најсилниот од седумте тимови што се покрај „црвените“ во четвртфиналето.

– Само во фудбалот постојат вакви бајки. Враќањето назад во Дортмунд е најубавиот подарок што овој спорт можеше да ми го даде. Да бидам искрен, среќен сум, бидејќи ќе го одведам мојот сегашен тим во Германија, во прекрасен град со прекрасен стадион и фантастични навивачи. Задоволен сум и од спортски аспект, бидејќи сметам дека е подобро да се игра со Борусија во два, отколку во еден меч, доколку се сретневме дури во финалето. Се наоѓаме во четвртфиналето и сакаме да стигнеме до трофејот, а за да успееме во тоа неопходно ќе биде да ги победиме сите ривали што ќе ни застанат на патот, вклучувајќи ја и Борусија Дортмунд – истакна Клоп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top