Поранешниот најдобар тенисер во светот, Рафаел Надал полека се враќа во препознатливата форма која ја имаше пред неколкуте тешки повреди. Тој на првиот мастерс-турнир сезонава на терените во Индијан Велс во четвртфиналето го победи Кеи Нишикори со о 2-0 (6-4, 6-3) во сетови и заслужено се најде во полуфиналето.
По израмнетата борба во првите осум гема од првиот сет, Надал успеа да го одземе сервисот на противникот и да го комплетира со 6-4. Во вториот поведе со 4-1, потоа Нишикори возврати со брејк, меѓутоа Надал уште еднаш беше поуспешен на сервис на противникот и го освои со 6-3, влегувајќи меѓу четирите најдобри на овој турнир.
Во полуфиналето Надал го очекува подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Жо Вилфрид Цонга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.