Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази задоволство поради договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на нелегалната миграција во Европа, укажувајќи дека неговата реализација нема да биде лесна.
– Немам илузија дека ова што го постигнавме денеска нема да биде проследено со проблеми. Постојат големи правни проблеми кои мора да ги надминеме, истакна меркел на прес-конференција со турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Меѓутоа, како што таа додава, „постигнат е договор кој има неповратен тек“.
Германската канцеларка нагласи дека е многу важно што е постигната согласност меѓу 28-те земји членки на ЕУ, бидејќи „тоа покажува дека Унијата е се уште способна да преземе тешки одлуки и да управува со сложени кризи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат