Актерката Анџелина Џоли признал дека се уште го сака поранешниот сопруг Џони Ли Милер за кој се омажила во 1996 година. Анџелина со Џони била во брак само три години, но наспроти тоа актерката изјавила дека се уште има чувства кон него.
Не е познато како Бред Пит реагирал на тоа што Анџелина остана во добри односи со нејзиниот поранешен сопруг. Иако е свесна дека тоа звучи чудно, актерката признала дека се уште го сака.
-Знам дека тоа звучи невообичаено но јас се уште го сакам – изјавила Анџелина која исто така е доста блиска со нејзиниот втор сопруг Били Боб Тортон, од кој се разведе во 2002 година, а подоцна напишала и предговор на неговата автобиографија во кој пишува дека засекогаш ќе го сака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.