| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: За една година се набавени 11 нови мамографи

За повеќе од една година набавени се 11 нови мамографи за македонскиот здравствен систем. Министерството за здравство набави пет дополнителни мамографи за здравствените установи во Македонија. Вкупната вредност е 39 милиони денари, а мамографите ќе бидат распоредени во Здравствен дом Скопје, општа болница Кавадарци, општа болница Гевгелија, Здравствен дом Радовиш и Здравствена станица Македонска Каменица, која е во рамки на Здравствен дом Делчево.

mamografija

Новите мамографи ќе бидат испорачани до крајот на мај или почетокот на месец јуни и веднаш потоа ќе се инсталираат и стават во функција на пациентите во петте здравствени центри.

Според министерот за здравство Никола Тодоров, со новите современи мамографи значително ќе се унапредат и зајакнат овие здравствени установи.

– Во изминатиот период, за нешто повеќе од една година набавивме вкупно шест и овие пет, значи 11 нови мамографи. Претходните 6 кои што се во најголем дел и ставени во функција на пациентите беа набавени за Општа болница Охрид, Велес, Кочани, Свети Наум Охридски во Скопје, Штип и Прилеп. Со набавката на нови мамографи овозможуваме доближување на оваа значајна дијагностика поблиску до местото на живеење на пациентите, зголемување на бројот на термини за мамографија, ехо дијагностика, мамографски скрининг, а со тоа и сериозно намалување на времето на чекање за добивање на оваа задравствена услуга – истакна Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top