| четврток, 6 декември 2018 |

Ждрепка за Лига Европа, лоша среќа за Клоп

Tottenham v Liverpool

Четвртфиналната фаза од Лигата на Европа понуди дуел што ќе предизвика големо внимание. Довчерашниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, ќе се врати на „Сигнал Идуна Парк“ како предводник на Ливерпул против своите „милионери“. Првиот дуел ќе се игра на 7.април во Дортмунд, додека седум дена подоцна Ливерпул ќе биде домаќин на реваншот.

И двете екипи во осминафиналето елиминираа англиски тимови. Борусија Дортмунд беше доминантна против Тотенхем и оствари две победи, додека Ливерпул го елиминира Манчестер јунајтед.

Бранителот на трофејот од минатите две сезона екипата на Севилја, ќе ја продлжи битката во четврфиналето во шпанскиот дуел против Атлетик Билбао.

Вилјареал ќе игра против Спарта Прага, чешкиот тим кој направи големо изненадување со елиминацијата на Лацио во осминафиналната фаза. Во последниот четвртфинален двобој силите ќе ги одмерат Брага и Шахтјор Доњецк.

ЛИГА ЕВРОПА, ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИВЕРПУЛ

БРАГА – ШАХТЈОР ДОЊЕЦК

ВИЛЈАРЕАЛ – СПАРТА ПРАГА

АТЛЕТИК БИЛБАО – СЕВИЛЈА

Мечевите ќе се играат на 7.април и на 14.април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top