Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со „Јавна соба“, по вторпат го организираат настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France : в понеделник, на 21 март во 18.30 часот, во „Јавна соба“.
По успешното прво издание во Скопје, Амбасадата на Франција сака овој настан традиционално да го одржува секоја пролет. Готвачот Марк де Јонг ќе подготви вечера за 200 гости. Настанот Вкусот на Франција – Goût de/ Good France, организиран по иницијатива на реномираниот готвач Aлен Дикас и на Министерството за надворешни работи и меѓународен развој, ја истакнува уметноста на живеењето на француски начин, француските производи и ја валоризира Франција како дестинација. Како никогаш порано, гастрономијата стана значаен елемент од туристичката понуда на Франција.
Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер во своето обраќање ќе зборува за содржината и значењето на светската гастрономска манифестација и ќе го означи почетокот на овој настан што ги истакнува богатството и убавината на француските региони.
Програма :
18.30 : регистрација на новинарите и поделба на информативните досиеја за медиумите
18.45 : Снимање на просторијата за прием и на кујната на готвачот
19.00 : Амбасадорката Оер ќе го отвори настанот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.