На изборите закажани за 5 јуни, 37,9 проценти од граѓаните велат дека ќе го дадат гласот за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ ќе гласаат 16,1 проценти.
Повеќе од половината од анкетираните гласачи својата доверба за иден премиер би ја дале на Никола Груевски, 52,3 проценти, додека Зоран Заев на премиерско место го посакуваат 19,1 проценти.
Дури 64,3 проценти од анкетираните граѓани немаат доверба во работата на Катица Јанева и на Специјалното јавно обвинителство.
Интересно е што поголем е процентот на тие што сметаат дека обвиненијата од СЈО се политички мотивирани. Дури 67,8 проценти од испитаниците одговориле дека обвиненијата од СЈО за одредени функционери се неиздржани.
Обвиненијата на СЈО кон одредени функционери на власта нема да влијаат врз одлуката за кого би се определиле граѓаните на следните избори. Таков одговор посочиле дури 88,4 проценти од анкетираните граѓани. Само 5,1 проценти од испитаниците посочиле дека обвиненијата би им влијаела на одлуката.
67,2 проценти од анкетираните 1.075 граѓани посочиле дека работата на Катица Јанева и СЈО претставува обид за политички притисок врз власта. 19,8 проценти пак во функционирањето на СЈО препознаваат унапредување на правниот систем.
Телефонската анкетата на Институтот „Павел Шатев“ е спроведена во период од 13 и 15 март годинава. Биле опфатени 1.075 испитаници од сите шест изборни единици. Од институтот наведуваат дека биле опфатени повеќе демографски карактеристики на населението вклучително пол и возраст, а направена е поделба и според руралните и урбани места на живеење при што Скопје е земено како посебна целина.
-Со оглед дека целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето- додаваат од Институтот „Павел Шатев“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата