Баерн Минхен на драматичен начин успеа да се врати во живот на реваншот против Јувентус на „Алијанц арена“. Баварскиот тим до 75.минута губеше со 0-2 и беше на прагот на елиминација, но со головите на Роберт Левандовски и на Томас Милер успеаја да израмнат на 2-2 и да го доведат дуелот во продолженија, а во дополнителните 30 минути постигнаа уште два гола, преку Тијаго Алкантара и Кингсли Коман.
Денеска Баерн Минхен ќе го очекува следниот противник во четвртфиналето, а Томас Милер откри интересни детали од говорот на Гварадиола на полувремето во соблекувалната.
– Рече дека ќе ни скине мадињата ако не победиме. Беше навистина емотивен. Но, и не можеше да биде поинаку. Примивме два гола, но, сепак, знаевме дека можеме да се вратиме, како што и Јувентус израмни на првиот меч во Торино – изјави Томас Милер за германските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.