| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио не знае за пораз на домашен терен, Чикаго останува во трката за плејоф (видео)

san antonio

Сан Антонио и натаму е непоразен на свој паркет сезонава, против Портланд синоќа остварувајќи ја и 34-та победа пред домашните навивачи. Доколку ги добијат и преостанатите 12 натпревари ќе се израмнат со рекордот на Чикаго булс, од времето на Мајкл Џордан (72-10), кој пак го брка и Голден стејт (61-6).

Најдобар во триумфот на Сан Антонио беше Ламаркус Олдриџ со 22 поени и шест скока. 22 поени уфрли и Кавај Ленард, додека Паркер дополни со 18 поени од 16 фантастични асистенции. Пати Милс постигна 17 поени. На спротивната страна Мекалум постигна 26 поени, а Лилард имаше 23 поени и шест асистенции.

Многу важна победа за пласман меѓу осум најдобри екипи во источната конференција кои ќе се пласираат во плејофот оствари Чикаго кој на домашен терен го совлада Бруклин со 118-102. Шесткратниот НБА првак се бори за осмата позиција во Источната конференција и со овој триумф го претекна Детроит кој му е еден од четирите ривали за место во разигрувањето. Даг Мекдермот беше изненадување за Бруклун бидејќи како резерва постигна 25 поени за 28 минути на теренот. Батлер додаде 22, а во тимот на Чикаго и натаму ги нема центрите Ноа и Гасол. Кај Бруклун, Бојан Богдановиќ беше најефикасен со 26 поени.

НБА резултати:

Сан Антонио – Портланд 118-110
Јута – Феникс 103-69
Мајами – Шарлот 106-109
Милвоки – Мемфис 96-86
Атланта – Денвер 116-98
Чикаго – Бруклин 118-102
Индијана – Торонто 94-101
Филаделфија – Вашингтон 94-99

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top