| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот секретар на Ватикан во официјална посета на Македонија

pietro parolinДржавниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

Кардиналот Паролин ќе биде гостин на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов во Скопската бискупија, а ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и други државни претставници.

Ќе присуствува на свечен благослов и инаугурација на новата бискупска резиденција со присуство на верските поглавари, цивилните власти и дипломатскиот кор, по што во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ ќе има средба со свештениците, монашките заедници и богословите и ќе предводи Служба на словото. Кардиналот вечер ќе го предводи свеченото Евхаристиско славење во повечерието на празникот Свети Јосиф. По литургиското славење е предвидена промоција на книгата на папата Фрањо „Божјото име е милосрдие“, која е преведена на македонски јазик.

Утре кардинал Паролин ќе ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза, археолошкото наоѓалиште Стоби, привремениот транзитен центар за мигранти „Винојуг“  и парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија, како и катедралата „Успение на пресвета Богородица“ во Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top