| четврток, 6 декември 2018 |

Ватикан избра страна: Му честита на Трамп и побара од Бога да му подари просветлуваење

vatikan-presПо првите честитки на победата на Трамп што му ги упатија претседателот на Русија, Владимир Путин, британската премиерка Тереза Меј и унгарскиот премиер Воктор Орбан, се јави и Ватикан, пренесува Ројтерс.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин меѓу другото ијави дека ќе се лоли за просветлување на новиот претседател.

-На новиот претседател му посакувам секое добро и навистина плодно извршување на претседателската функција, изјави Паролин и додаде дека ќе се моли Бог да му подари просветлуваење.

-Мислам дека денеска сите мораат да работат на менување на глобалната ситуација, која ја карактеризираат длабоки раздори и сериозни конфликти, рече тој.

Папата Франциско претходно изнави дека Доналд Трамп, поради своите конзервативни ставови за имигрантите „не е христијанин“, но подоцна неговиот портпарол објасни дека не се работело за личен напад на Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top