| четврток, 6 декември 2018 |

Барса за малку „од готово – вересија“, ПАО конечно го победи Локомотив (видео)

barcelona-lassa-real-madrid-17032016

Уште три натпревари се одиграа вечерва во рамки на 11. коло од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.

Во „вечното дерби“, Барселона за малку ќе направеше „од готово – вересија“.

Иако Каталонците „го растурија“ Реал во првите десет минути во домашната „Блауграни“, откако поведео со неверојатни 25-4, сепак актуелниот европски шампион имаше одговор и извонредно се врати и изигра во втората и во третата четвртина, успеа да стигне на само два поени негатива пред почетокот на последната четвртина. Во еден момент дури и поведе, но сепак не успеа и да победи на крај.

Кошаркарите на Барса се консолидираа во завршницата и славеа победа со 72-65 и по втор пат во ТОП 16 фазата на Евролигата, а трет пат во тековната сезона го совладаа лутиот ривал.

Стратос Перпероглу со 20 и Томаш Саторански со 17 поени беа нејефикасни во составот на Барселона, додека Џастин Доелман постигна скромни 11 поени, но погоди неколку важни шутеви во клучни моменти. Во Реал Густаво Ажон имаше 16 поени и 7 скокови.

Кошаркарите на Панатинаикос славеа дома против Локомотив Кубан со 84-79, откако изиграа одлично во последната четвртина и се вратија од големата негатива и со тоа прв пат оваа сезона успеаа да го совладаат рускиот тим после три последователни порази.

Џејмс Гист и Елиот Вилијамс беа најефикасни во редовите на Пао со по 16 поени, но клучна улога одигра ветеранот Димитрис Дијамантидис со 15 поени, 6 асистенции и 5 скокови.

Кај поразениот тим четворица играчи имаа двоцифрен број на поени – Мет Џенинг, Виктор Клавер, Ентони Рендолф и Малколм Дилејни.

 

Во последниот натпревар Брос Баскет на домашен терен победи против Кимки со 84-79.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top