| четврток, 6 декември 2018 |

Метју Пери не личи на себе

Метју Пери (46) загрижи многумина откако е виден на улиците на Лондон во непрепознатливо издание. Неизбричен и неисчешлан актерот како скита по градот по излегувањето на вечера. Во британските медиуми, неодамна излезе и првата критика на неговата дебитантска претстава. Критичарите претставата ја нарекоа „губење време, пари и труд“. Пери откри дека сценариото за претставата го напишал за десет дена, но го менува по секое прикажување кога ќе ја види реакцијата на публиката на одредени финти.

Попучарниот Чендлер од серијата „Пријатели“ поттикна могу гласини дека уште не е целосно опоравен од зависноста од алкохолот, кога беше гостин кај популарниот водител Грахам Нортон. Актерот тогаш едвај завршуваше мисла и несфатливо мрмореше.

Актерот во едно интервју призна дека заради зависноста од алкохол и апчиња не се сеќава најмалку на три години од снимањето на серијата „Пријатели“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top