| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од пријатели: Моника и Чендлер се во врска и во приватниот живот

Американските медиуми пренесуваат дека Метју Пери и Кортни Кокс започнале романса. Неименуван извор тврди дека Метју и бил рамо за плачење на колешката, откако ја раскинала свршувачката со музичарот Џони МекДаид.

521966_orig

Со оглед на тоа дека Пери е наводно слободен од 2012 година, овие тврдења би можеле да бидат точни.

Screenshot_1

-Не е  чудно што актерката веднаш го побарала Метју по раскинувањето на  свршувачката. И таа беше до него кога тој се бореше против зависност, а тој пак со неа кога дознала дека не може да има деца- изјавил изворот за американските медиуми.

COUGAR TOWN

Според пишувањата на медиумите романсата започнала неодамна кога актерот ја поканил Кортни на вечера по што решиле да  не брзаат со заеднички појавувања во јавноста туку да одат полека.

cox21f-1-web

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top