| четврток, 6 декември 2018 |

Метју Пери го истепал канадскиот премиер Џастин Трудо во училиште

Поранешната ѕвезда од серијалот „Пријатели“, Метју Пери тврди дека еднаш го „истепал“ канадскиот премиер Џастин Трудо во основно училиште бидејќи бил љубоморен на неговите атлетски вештини.

Актерот, кој го глумеше Чендлер Бинг во серијата, се потсети на оваа ситуација при гостувањето во американската емисија на Џими Кимел.

Пери рекол дека тој со уште еден негов пријател го задевале младиот Трудо.

-Мислам дека тој беше подобар во спорт во кој ние не бевме, па затоа му љубоморевме. И го истепавме – објаснил Пери.

Пери израснал во Отава и учел во државното училипте Роклиф Парк, каде поранешниот премиер Пјер Трудо ги запишал своите синови. Мајката на актерот, Сузен Пери, била портпаролка на Пјер Трудо.

-Татко му беше премиер, но мислам дека не го истепавме поради тоа. Мислам дека тој беше единствениот во училиштето кој можевме да го истепаме – додал Пери.

Кимел запрашала дали агентите од тајната служба се вмешале за да го заштитат детето на премиерот, на што Пери одговорил дека не се вмешале.

Пери инсистирал дека не сака да се фали со инцидентот.

-Ова е ужасно. Бев глупаво дете и не сакав да го истепам. Всушност, мислам дека во еден момент се обидов сето тоа да го претворам во игра од љубов – рекол Пери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top