Завршија три реванш-натпревари во 1/8-финалето од Лига на Европа, а пласман меѓу осумте најдобри обезбедија Спарта Прага, Виљареал и Атлетик Билбао.
Најголемо изненадување приредија фудбалерите на Спарта Прага кои во Рим го декласираа Лацио со 3-0. Во првиот натпревар на домашен терен играа нерешено и со конечни 4-1 „аутсајдерот“ се пласираше во 1/4-финалето.
Спарта уште во првото полувреме ги постигна трите гола. Во 10. минута резултатот го отвори Доцкал, две минути подоцна прецизен беше Крејчи, а во финишот на полувремето Јулис ги постави недостижните и конечни 0-3.
Во шпанското дерби, Валенсија го победи Атлетик Билбао со 2-1, но не беше доволно тоа за тимот на Гери Невил за пласман, затоа што Атлетик во првиот натпревар победија со 1-0 и патуваат во 1/4-финалето благодарение на тој гол постигнат во гости.
Валенсија во првото полувреме имаа „добитно“ водство од 2-0 со головите на Мина во 13. и Адерлан во 37. минута. Но, пресудниот момент се случи во 76. минута кога занеме цела „Местаља“ по голот на Адуриз, кој ги постави конечните 1-2 и пласман на неговиот Атлетик Билбао меѓу осумте најдобри.
Во третиот натпревар, Виљареал не постигна, но ниту прими гол во Леверкузен, и со „првите“ 2-0 се пласираше во 1/4-финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)