Македонија и Бугарија ќе ја зајакнуваат контролата на границата со заеднички воздушни и копнени операции поради протокот на мигранти, договорија во телефонски разговор бугарскиот премиер Борко Борисов и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, информира прес-службата на бугарската Влада.
Двајцата соговорници разговарале за проблемот со бегалците и можностите за пресекување на каналите за нивен нелегален транспорт преку заедничката граница.
Борисов изразил загриженост за состојбата во Западен Балкан во контекст на мигрантската криза и најавил дека ќе биде испратена хуманитарна помош за бегалците во Македонија, исто како што претходно бугарската Влада испратила во Идомени, Грција.
Борисов посочил дека е неопходна солидарност и координација помеѓу сите членки на Унијата за решавање на проблемот, а најголема поддршка треба да дадат тие од коишто поради географската положба се очекува да преземат најголема одговорност за одбрана на границите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.