| четврток, 6 декември 2018 |

Српската Влада утре ќе одлучува за договорот

ivica-dacic-ispitivanje-privatizacije-sumnjive-privatizacije-1352885030-198858Српскиот премиер Ивица Дачиќ најави за утре седница на Владата, на која ќе биде донесена одлука за прифаќање или отфрлање на предлог- договорот со Приштина.

За ваквите договори првo одлучува Владата, таа е одговорна за надворешната и внатрешната политика, а потоа нејзината одлука ќе биде предадена на Народното собрание за верификација, додава српскиот премиер.

– Ако Владата го прифати договорот очекуваме Србија да добие датум за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјави Дачиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top