| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов манифестацијата „Франкофонијата ти отвора врати!“

Во сабота, 19 март, во Младинскиот културен центар, ќе се одржат низа активности во чест на одбележувањето на Фракофонијата во Македонија.

Во 12:00 часот, во холот на Младинскиот културен центар во Скопје, манифестацијата насловена како „Франкофонијата ти отвора врати!“, ќе биде отворена со пригодните говори на Лоранс Оер, амбасадорка на Франција во Македонија, и Коце Трајановски, градоначалник на Скопје, со што воедно ќе се отвори и Саемот на франкофонски компании и институции во Македонија.

Прославата ќе биде одбележана низ следниве активности :

– од 10 до 12 часот : интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти,

– од 10 до 14.30 часот : Саем на франкофонски компании и институции во Македонија,

– од 12.30 до 14 часот : предавање на еминентниот гостин, Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер, на тема „Франкофонијата и глобализацијата“,

– од 14.30 до 16 часот : натпревар по франкофонски театар, и

– 20.30 часот : концерт на групата „Фолтин“.

Сите активности ќе се одржат во Младинскиот културен центар.

Влезот на сите настани е отворен, а бесплатни влезници за концертот на „Фолтин“ се резервираат во Францускиот институт во Скопје, на culture@ifs.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top