
Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, сосема очекувано, беше горд на своите фудбалери по синоќешната пресврт победа против Јувентус за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Бавараците беа во бездната по оние 0-2 по првото полувреме на Јувентус, но успеаја да стигнат до израмнување во регуларниот дел, и победа во продолженијата…
– Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, тогаш мора да победите големи екипи. Јувентус е таква екипа, и навистина ме импресионира со својата игра. Сепак, ние успеавме да стигнеме до пресврт и јас искрено им честитам на фудбалерите – рече Гвардиола.
– Но, не победивме благодарение на тактиката, туку на срцето. Моите играчи не се предаваа, веруваа во успех и за сето тоа беа наградени. Затоа сум горд на нив. Затоа е фудбалот убав. Затоа што победува и срцето, место тактиката – дополни шпанскиот тренер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


