| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалот се игра 90.минути, тоа на своја кожа го осети Јувентус (видео)

Добропознатата изрека на легендата на англискиот фудбал Гари Линекер дека „фудбалот е игра во која 22 играчим трчаат по топката, а на крај секогаш победуваат Германците“ уште еднаш беше покажа како точна.
Тоа на своја кожа го почувствува и италијанскиот шампион Јувентус кој за неколку минути во судиското продолжение не успеа да направи сензација и со победа во Минхен да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Првиот натпревар во Торино заврши со нерешен резултат 2-2 откако баварскиот гигант Баерн водеше со 0-2. Во реваншот на „Алијанц Арена“ Јувентус за кратко време дојде во висока предност од 0-2 уште по 28.минути игра.
Во тој момент замене целиот стадион, а Јувентус играше како во транс. Баерн Минхен беше во шок и никако не можеше да најде против игра на разиграните Италијани. Стреци на головите беа Погба и Квадрадо.
До полувремето немаше измени на резултатот, па во второто полувреме Баерн Минхен тргна на се или ништо.

Пеп Гвардиола продолжи со тактиката која го краси во изминатите години и со постојан притисок кон голот на Џиџи Буфон.
Тоа вроди со плод во 73.минута кога Роберт Левандовски успеа да намали на 2-1 по нафрлувањето на Даглас Коста.

Од тој момент на теренот како да постоеше само една екипа. Баерн напаѓаше со секое оружје, но ретко упатуваше удари кон голот на Јувентус. Во првата минута во судиското продолжение германскиот репрезентативец Томас Милер со сличен гол и удар со глава на втората статива успеа да го израмни резултатот и да го му го продолжи животот на својот тим во Лигата на шампионите.

Доминацијата и баварскиот гигант продолжи и во дополнителните продолженија од двапати по 15 минути, кога со головите на Тиаго Алкантара и Коман Баерн Минхен дојде до недостижна предност од 4-2 и заслужено се пласираше во четврфиналето.

Ждрепката за четврфиналните двојки ќе се одржи в петок во Нион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top