| четврток, 6 декември 2018 |

Која е причината за повлекувањето на бројчаникот на јавниот долг?

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) употребува плагијати, повлекувајќи се за да го покријат срамот.  Академик Таки Фити беше единствениот министер за финансии во чие време девалвираше денарот. Кога тој беше министер за финансии во владата на СДСМ долгот порасна од 26 на 41 отсто.

Која е причината за повлекување на бројчаникот на МАНУ, кој како што најавија ја покажуваше реалната состојба на јавниот долг во секунда, академик Таки Фити не одговори. Истиот бројчаник, за кој МАНУ тврдеше дека е нивно дело, се појави 2014 година на блогспот и ако се споредат дизајнот и кодот очигледно дека станува збор за истиот. Дали станува збор за плагијаторство, па од таа причина истиот не е објавен?

Дополнително, иако во 2014 година бројчаникот беше наводно дело на аматер, истиот беше објавен како банер подолго време на агрегатот тиме.мк, каде цените за објава се навистина високи, што наведува на тоа дека одредена организација стои зад истиот.

Иако МАНУ се обиде да ја претстави апликацијата како веродостојна, истата имаше крупни попусти како пресметка на долг во 2016 врз база на БДП од 2014 година. Исто така МАНУ како извор го наведе Министерството за фианнсии и ја објави табелата на јавен долг која јаправи Министерството со тоа што цифрите на МАНУ не соодвествуваа со тие објавени на официјалниот сајт на Министерство за финансии.

Откако истата ја промовираше, МАНУ соопшти дека се дистанцира од апликацијата со објаснување дека бројчаникот на долгот го објавил соработник во Центарот за компјутерски услуги.

„Бројчаникот кој го мери јавниот долг на РМ изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на БДП е изработен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања и објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на центарот“, информираат од МАНУ.

Академците очигледно навлегоа во партиска пропаганда, пред изборите најавени за 5-ти јуни годинава. Минативе денови МАНУ го работи тоа што претходно го правеа невладините организации и портали на СДСМ и СОРОС.

Академците очигледно немаат време за наука, па ни за истражување. Затоа превземаат бројчаници изработени од аматери, образовно непотковани.

Апликацијата која го мери долгот која го објaви МАНУ е преземен од блогспот, објавен уште во 2014-та година. Несериозноста е уште поголема земајќи предвид дека истиот бројчаник е превземен од Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top