| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар идентично како и минатата година, минус два на полувремето кај Висла

vardar-wisla-10

Во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите ракометарите на Вардар по првите 30 минути на гостувањето во Плоцк против Висла, има негатива од 16-14.
Двата тима акцент во првиот полувреме ставија на нападот и практично постигнаа по еден го за една минута. Вардар добро го отвори натпреварот и имаше предност од еден гол се до 5-4 кога домаќинот односно тренерот на Висла Маноло Кадењас повика тајмаут за да ги консолидира редовите. Во тоа успеа и од тогаш Висла го презема водството кое на пет минути до крајот на првиот дел изнесуваше и четири голови разлика (15-11).

vardar-wisla-9

Одбраната на Вардар не функционира на нивото на кое сме на викнати, а во нападот поради отсуството на класичните леви бекови Горбок и Лазаров таа функција му е доделена на Игор Карачиќ кој одлично се снаоѓа бидејќи досега постигна четири гола.
Голманот на Вардар Арпад Штербик добро го почна мечот успеа набрзина да фати четири топки, но очигледно добро е скаутиран од шпанскиот селектор Кадењас и неговите играчи без проблем го наоѓаат патот до мрежата.
Играта во одбрана на Висла е со висока постава и најчесто во формација 6-0 како и таа на Вардар па се очекува Раул Гонзалес да се обиде да ја разбие со брзи контра напади во второто полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top