| четврток, 6 декември 2018 |

Холандија има информации дека ИД подготвува напади во Европа

Холандија има информации дека по терористичките напади во Париз Исламска држава планирала да изврши напади и во други европски градови, се наведува во извештајот на холандскиот национален координатор за борба против тероризмот и безбедносни прашања, Дик Схоф.

– Има различни докази дека се подготвуваат напади во Европа, но нема конкретни докази дека се планирани напади во Холандија. Нивото на терористичка закана останува на претпоследно ниво, истакна Схоф.

Според него, ИД најверојатно ќе употреби борци обучени во странство, а терористите да ги користат мигрантските маршрути.

– Надворешните граници на Европска унија не се доволно обезбедени, а граничната контрола на шенген зоната е многу ограничена, што им дозволува на радикалните исламисти незабележано да влезат во Европа и слободно да се движат од земја во земја, посочи Схоф

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top