| четврток, 6 декември 2018 |

Огревно дрво на пет рати за пензионерите од Ѓорче Петров

Здружението на пензионери „Ѓорче Петров“ и годинава организира снабдување со огревно дрво за своите членови, кое е на одложено плаќање.

Пријавувањето ќе трае до 25 март во месните и урбани заедници во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ѓорче Петров, Хром, Дексион и Мирче Ацев, од 17 до 19 часот. Граѓаните информации можат да добијат на телефонскиот број 02/2036030, секој работен ден од 9 до 12 часот.

Дрвата ќе се исплаќаат на пет рати, а последната треба да биде уплатена најдоцна до 10 јули годинава. Цената на просторен метар буково дрво чини 2.420 денари, а превозот е на товар на пензионерите или купувачите. Дрвата ќе можат да се подигнат по исплатата на последната рата од времениот склад на железничката станица во општина Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top