Најавите за палење на СДСМ останаа само намери. Онашто го најавуваа општински организации не успеа, како што не успеа ниту сценариото на закани со физичко насилство врз уставните судии упатувани од партиски функционери и соросови активисти.
Голем број поддржувачи на СДСМ и партиски функционери упатија критики за она што синоќа се случуваше на најавениот протест.
-Кон кого да ги упатиме критиките за лошата организација на протестот, за измалтретираните граѓани кои прошетаа долг, неразбирлив круг низ центарот на градот за да добијат слаба претстава на крајот и да си одат дома, по пат назад отворено негодувајќи за исходот? – искоментира Љубомир Фрчковски, еден од главните идеолози на СДСМ на овој начин го коментираше неуспехот на партијата да го реализира црното сценарио. Фрчковски, кој присуствуваше на вчерашниот обид на СДСМ да предизвика хаос преку уривање на државните институции, поразот кој што го доживеа неговата партија од народот го толкува како голем срам за опозицијата.
Фрчковски во неговата колумна под наслов „Ова беше голем срам“ упатува критика – смета дека недостасувала храброст меѓу членовите на СДСМ и Сорос да ги спроведат плановите, дури и по цена на физичка пресметка со оние кои беа пред Уставен суд во одбрана на институциите:
„Што е овој страв, што е оваа стигма? Тоа ќе беше сосема нова енергија која граѓанската иницијатива ја заслужуваше и посакуваше. Тоа ќе беше демократија, не ова. Ние заслуживме да го почуствуваме од блиску „воњот“ на вмровците – преплашени мизерии, донесени по наредба на газдите. Тоа ќе имаше енергија, а не заслуживме да не изманипулира стравот и неоснованите обзири на нашите организатори.“
И Мерсел Биљали, кој што важи за аналитичар близок до СДСМ не може да се помири со фактот дека СДСМ немалохраброст до крај да го реализира сценариото.
„Организаторите на протестот имаа поддршка ама организацијата за нула! Ако полицијата не им дозволи на опозиционерите да се доближат до утепаните од Господ контрапротестанти, зошто никој не се сетил дека треба да се направи прстен околу нив за да се изолираат и тотално маргинализираат, а и од надвор немаше да пристигнуваат други протестанти!!! Туку одма дома! Со јорган протести не бива“, напиша Биљали на својот фејсбук профил.
Тој вчерашните настани ги оценува како голема психолошка штета за опозицијата токму пред изборите.
Ивор Мицковски, кој е долгогодишен член на СДСМ на својот фејсбук реторички ги праша челниците на партијата: „И, кога си ни таму, ни ваму, односно твоите улични настапи се контролирани и млаки, а твоите институционални пробивања се спори и неефикасни, се поставува прашањето за што си ти?“
Бранко Героски, кој исто така важи за еден од идеолозите на СДСМ исто така во колумна настапи со став „Ако вечерва се повлечеме, веќе нема да имаме морално право да кажеме дека правдата и вистината се на наша страна.“ Единствениот проблем во реализирањето на сценаријата на СДСМ, Героски го виде во граѓаните кои решија да ги бранат институциите и државата. Затоа по урнекот на Стево Пендаровски, тие за Бранко Героски станаа „овци изнесени од трлата“.
Критики упатени директно кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Подобро да остане дома или на карневал… Поддржувачите на СДСМ незадоволни од Заев и неговото функционирање.
Професорката Биљана Ванковска која случувањата ги гледаше од дистанца коментираше :
„Ако СДСМ протестира пред Уставниот суд, тогаш нека имаат два прста образ и Заев нека го остават дома (или на карневал). Само малку пристојност од човек кој се офајди со аболирање токму од тогашниот претседател на Република“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот