| четврток, 6 декември 2018 |

Разбојници украле 45.000 денари од тетовец

mvrТри непознати вооружени лица нападнале и ограбиле 37 годишен тетовец. Грабежот се случил вчера наутро околу 6 часот, на локалниот пат Тетово – Сараќино.

Додека тетовецот Л.С. се движел со комбе од фирмата „Компир комерц“, патот му бил попречен од црн автомобил „БМВ“ со тетовски регистерски таблички. Од него излегле тројцата разбојници и го нападнале. Го удирале со клоци и тупаници, по што Л.С. ги извадил парите кои ги имал во комбето и им ги дал на разбојниците. Според МВР, станува збор за 45.000 денари.

Разбојниците избегале од местото на настанот, а нивната жртва била пренесена во болница.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top