| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се гради патот Прилеп- Градско од 33 километри

пат2

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, денеска најави дека наскоро ќе почне изградбата на патот Прилеп- Градско, од 33 километри.

За Прилеп, еден од најзначајните проекти ќе биде изградбата на патот од Градско кон Прилеп, кој очекуваме набрзо да почне. Се очекува фирмата изведувач да ја достави банкарската гаранција и потоа ќе почне изградбата на патот. Се работи за 33 километри, нов пат во делот на Дреновска клисура која ќе се избегне – рече Ставрески.

Патот ќе биде со четири ленти и, како што рече, ќе овозможи ново, инфраструктурно поврзување со автопатот и со Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top