Ксенија Пајчин која точно пред 6 години ја уби манекенот Филип Каписода, неколку дена пред да биде убиена имала интервјуа во кои како да ја предвидела мрачната иднина.
Една од најтрагичните приказни на регионалната сцена се случи на 16 март 2010 година кога Филип Каписода ја убил прво својата девојка Ксенија Пајчин, а потоа изврши самоубиство.
Ксенија Пајчин го дала своето последно интервју во четвротк 11 март само неколку дена пред смртта. Беше тоа во емисијата „Скандалозно“ кај Оља Црногорац на ТВ Кошава.
Тоа што особено било шокантно и во некоја рака бизарно е тоа што пејачката во неколку наврати за време на разговорот ја предвидела својата судбина. Таа во неколку наврати за време на интервјуто изјавила дека „ќе се убие“. Сепак последната реченица која Ксенија ја изговорила во интервјуто е онаа од која ќе ве полазат морници.
-На себе си не можам да си простам што сум толку емотивна, а на другите луѓе што не се такви какви што мислев дека се. Всушност јас простувам се, мојата дефиниција на човекот е дека Бог ти го дал животот да бидеш на земјата, а ако ти не си подготвен за тоа, навистина не треба да бидеш тука или ако си емотивен како јас, тогаш треба да размислиш колку уште треба да си тука – кажала тогаш пејачката.
Во препознатлив тон, некогаш една од најсекспилните регионални пејачки зборувала и дека се плаши од бракот и бременоста, тврдела дека мажите се глупави и открила дека е во врска со Филип поради тоа што тој е единствениот човек кој умее да ја поднесува.
Тогаш зборувал и за тоа дали им се одмаздува на мажите.
-Им се одмаздувам на глупавите. Морам да им покажам дека се глупави затоа што мажите се инаку такви – кажала Ксенија, која очигледно немала високо мислење за машката популација.
Ксенија во последното интервју признала каква е кога сака, а каква кога раскинува врска.
-Во љубовта сум страствена, не сум посесивна ниту романтична, а ниту љубоморна. Не сум манипулатор, но можеби и сум само доколку некој тоа ми го дозволи, Не сакам многу да зборувам, ако некој ме сака се самиот ќе си разбере. Кога раскинувам му кажувам на дечкото дека е мајмун, сељак и му порачаувам да ми се тргне од патот. На мажите од секогаш им пречело тоа што сум своја. Таа моја особина генерално им пречи на луѓето кога сум јас во прашање. Затоа треба да имате вистински луѓе до вас, а јас сега тоа го имам, затоа што многу страдам и сум премногу емотивна – кажала Ксенија во своето последно интервју.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!