| четврток, 6 декември 2018 |

Моментот кога американски студент дознава дека е осуден на 15 години работа во рудниците на Северна Кореја (ВИДЕО)

Дваесет и едногодишниот студент Ото Вармбир е осуден на 15 години тешка работа во Северна Кореја поради наводни злосторства што ги направил против земјата, објави британскиот весник „Гардијан“.

На неодамнешната прес-конфереција момчето ги молело властите за милост. Вармбир на 29 февруари на прес-конференцијата призна дека крадел промотивен материјал, со што, како што рече, „имал цел да им наштети на работната етика и мотивираноста на луѓето во Северна Кореја“.

– Многу сум импресиониран од хуманиот однос на корејската влада кон тешките криминалци како мене – рече студентот во изјавата што ја пренесе телевизијата.

Тој бил уапсен кога се обидел да украде пропаганден знак поставен во хотелот во кој престојувал за време на престојот во Пјонгјанг. Ото е студент по економија на Универзитетот Вирџинија во САД.

Според Стивен Еванс, дописник на „Би-би-си“, ова е исклучително висока и строга казна за разлика од оние кои претходно биле изрекувани на странски државјани, пренесе „Кликс.ба“.

Државната агенција КЦНА објави дека момчето дошло во Северна Кореја за да го уништи единственото на земјата, односно бил изманипулиран од владата на САД.

Американскиот дипломат Бил Ричардсон се состанал со северокорејскиот функционери пришто инстистирал студентот да биде ослободен, но преговорите очигледно биле неуспешни. Во меѓувреме Северна Кореја продолжи со острата реторика поради санкциите кои и се наметната. Одлучи да направи и четврти нуклеарен тест, и им се заканија на Јужна Кореја и САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top