| четврток, 6 декември 2018 |

Се очекуваат 1.000 жени на четвртата Женска трка во Скопје

На 10 април во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи четвртата Женска трка, која е дел од промотивните трки на „Виз Ер Скопскиот Маратон 2016„.

DSC_0647

Низ годините, Женската трка која што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се здобива со голема популарност и бројот на жени кои учествуваат во трката од година во година се зголемува. За поздравување е веста дека оваа година трката е влезена во календарот на Европксата Атлетска Федерација. За 10 април се очекува бројка од 1000 жени да земат учество и да се појават во 10:00 часот во Градски парк во Скопје кај Школка.

Пријавувањето се одвива на zenskatrka.skopskimaraton.com.mk, а котизацијата до 21 март е 100 денари, за потоа до 6 април биде 150 денари. За пријави до 29 март секоја учесничка ќе добие стартен број со своето име.

Pateka zenska trka

На 10 април во 10:00 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10:30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории. Секоја учесничка на Женска трка со стартен број учествува во лотарија која ќе се одржи по завршувањето на трката со која ќе се доделат награди од спонзорите.

Подигнување на стартни броеви: 08.04. (петок) од 11-19 часот и 09.04 (сабота) од 11-16 часот во Скопје Сити Мол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top