Наполи по оваа сезона може да го загуби својот најдобар фудбалер Гонзало Игуаин, а раководството на италијанскиот прволигаш своите погледи ги насочува кон напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ.
За Игуаин се заинтересирани неколку европски гиганти кои го посакуваа Аргентинецот уште оваа зима, а нов обид за преземање ќе имаат на лето. Меѓу нив се Арсенал, Ливерпул, Баерн Минхен, Челси и Манчестер јунајтед, а се шпекулираше дека „ѓаволите“ подготвиле неверојатни 80 милиони евра за Игуаин.
Стариџ мака мачи со повреди оваа сезона, и досега настапи само на шест натпревари и постигна три погодоци, иако во изминатите сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул. Медиумите од Англија почнаа да го најавуваат неговото заминување од „Енфилд роуд“, а Наполи е еден од најсериозните кандидати за негов потпис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.