Зои Сaг е 25-годишна девојка од Брајтон, Англија, која е најпозната по прекарот Зоела. Таа е најнов пример колку каналот на „јутјуб“ е огромно пространство на кое може да се заработат многу пари. Таа овие денови е во центар на вниманието на британската јавност бидејќи е откриено оти таканаречената влогерка (има видео влог) заработува 50 илјади фунти месечно.
Младата дама од неодамна има 10 милиони следбеници на оваа социјална мрежа, а освен што парите ги добива од прегледи на видео, толку големата публика и овозможни да потпише неколку многу вредни спонзорски договори.
Суг има свој канал на „јутјуб“ кој го поставила во 2009 година и оттогаш пред камерите најчесто говори за лајфстајл теми, најчесто за мода. Говори за разни совети за фризура, шминки, облека, нокти. Вакви видеа таа објавува пет во просек на еден месец.
На „јутјуб“ се и сешто поминува, така што Сaг е „мало бебе“ во однос на другите, врвни играчи на оваа социјална мрежа. Најмногу пари зема Швеѓанецот Феликс Кјелберг познат како „ПјуДајПај“ чиј канал е посветен на видеоигри и го следат преку 40 милиони корисници. Тој заработува околу 12 милиони долари годишно.
Одлично поминуваат и комичари и готвачи, а едно време вистински феномен стана една девојка која правеше рецензии на детските играчки. Во 2014 година заработи пет милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.