| четврток, 6 декември 2018 |

Симеоне: Се пласиравме во четвртфиналето затоа што имаме големо срце

Главниот „виновник“ за одличните успеси на екипата на Атлетико Мадрид секако е тренерот Диего Симеоне кој уште еднаш успеа со „јорганџиите“ да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Во реванш дуелот против ПСВ на „Висенте Калдерон“ неговиот Атлетико успеа да мине во следната рунда по подобро изведените пенали.

Атлетико Мадрид е единствениот тим што овие две сезони победил на пенали во Лигата на шампионите и тоа го направи два пати.
Популарниот „Чоло“ призна дека неговите фудбалери не тренирале пенали на тренинзите, но триумфирале благодарение на големата самодоверба.

– Втора година по ред поминуваме во четвртфинале на пенали. Мојот помошник Херман Бургос го имаше главниот збор за тоа кои ќе бидат фудбалерите што ќе шутираат иако на тренинзите не вежбавме изведување. Морам да кажам дека ПСВ е екипа со исклучително голем квалитет и исто колку нас заслужи да оди понатаму. Сакам и да ги поздравам навивачите за фантастичната атмосфера. Моите фудбалери имаат огромно срце и тоа се виде којзнае кој пат – изјави Симеоне.

Лани, противник на Атлетико во четвртфиналето беше градскиот ривал Реал. Дали и сега ќе биде така, ќе се знае в петок кога ќе се изврши ждрепката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top