| четврток, 6 декември 2018 |

Техничкиот министер Спасовски водач на бандата за уривање на македонските институции

spasovski-2-640x400

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, наместо да се справува со ситуацијата со мигрантите која излезе од контрола, тргна против народот да ги руши институциите на протестите против Уставниот суд. Тој вечерва можеше да се забележи на протестите организирани од опозицијата, со што само се потврдија пишувањата на дел од медиумите дека главниот ангажман на техничкиот министер е организација на протестите на СДСМ, а не справување со ситуацијата со мигрантите.
spasovski-3-640x401
Наместо да се појави на јужната граница и лично да изврши увид на состојбата, Спасовски повеќе е заинтересиран околу протестите пред Уставениот суд каде присуствува заедно со Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Додека Грција организира мигрантска агресија врз Македонија, Спасовски врши партиски напад на Уставниот суд.

А по дебаклот кој вечера го доживеаја организаторите на протестот против Уставниот суд, предводен од Сорос невладината „Ајде“, а на која се приклучи и СДСМ, говорот на омраза е она што остана да се забележува на социјалните мрежи.

По неуспешниот обид насилно да влезат и да го запалат Уставниот суд, приврзаниците и членовите на СДСМ распалија со говорот на омраза на социјалните мрежи. Очигледно ги разлути дебаклот, бидејќи на терен не можеше да се види масовноста која ја најавуваа. Напротив, останаа само стотина партиски активисти и соросови платеници пред Музејот на македонската борба откако увидоа дека граѓаните нема да дозволат Заев пред нивни очи да атакува на државните институции.

tome-muradinov-640x459

Имено, Томе Мурадинов вработен во СДСМ на социјалните мрежи бара кандидати за силување на уставните судии.

-Има ли кандидати доброволци да ги силуваме петте уставни судии кои што сакаат да амнестираат педофили? Само имам една желба, сакам мене да ме „помилува“ Маја!, пишува Мурадинов на социјалните мрежи.

tome-muradinov1-640x275

Инаку, на другата страна пред Уставниот суд од момент во момент доаѓаат се повеќе граѓани и групата се зголемува. Граѓаните таму велат дека се задоволни што успеале вечерва да ги одбранат институциите.

-Нема да дозволиме Заев пред наши очи да ја урива државата. Остануваме тука колку што треба. Секогаш која ќе помислат дека можат да си играат со Македонија нека се сетат дека ние сме тука и тоа нема да го дозволиме, велат граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top