| четврток, 6 декември 2018 |

Бројот на демонстранти се зголемува, расте и поддршката на ГРОМ која застана во одбрана на институциите

протести
Над 6.000 луѓе се приклучија на ГРОМ во одбрана на институциите и против деструкцијата на СДСМ. Бројот на демонстранти постојано се зголемува и расте поддршката за партијата на Стевчо Јакимовски која застана во одбрана на институциите.

Со транспаренти „Држава сме, не сме протекторат“, „Рацете подалеку од судството“, „Судството на судиите“, повеќе од 6.000 граѓани вечерва се собраа пред Уставниот суд, а со намера да им изразат поддршка на уставните судии в очи утрешната одлука за измени во Законот за помилување.

На собирот се слуша македонска музика, на насобраните им се споделуваат топли пијалаци, а поставени се и шатори. Дел од присутните велат дека се подготвени и да преноќат вечерва кај Уставниот суд, а со намера да ги спречат сите обиди за отежнувањето на работата на уставните судии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top