Откако на медиумите финансирани од СОРОС беше пуштена информација за „бројчаникот на МАНУ“ поставен на интернет страницата на Академијата, а кој наводно го мери јавниот долг на државата, МАНУ го отстрани мерачот и официјално соопшти- мерачот е изработен од соработник во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, кој го објавил без знаење на раководството на МАНУ и раководителот на Центарот, со што не е став на МАНУ“.
За поставениот таканаречен мерач реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што до вчера политички го туркаа невладините организации и портали на СДСМ и Сорос, стана најновото „научно откритие“ на Таки Фити и на МАНУ, олицетворено во „бројчаник“ кој го мери државниот долг. Истиот „бројчаник“ со кој СДСМ ги манипулираше граѓаните уште во 2014 година.“
„Секој студент на економија знае дека долгот се мери во релативна вредност, а не во апсолутна, но очигледно ваквите факти се мистерија за поранешниот неуспешен министер за финансии Таки Фити. Затоа јавно го прашуваме Таки Фити дали ќе се обиде барем малку да се дистанцира од СДСМ и Сорос и да изработи вистински бројчаник кој ќе покажува секојдневно како расне БДП и корелацијата на БДП и државниот долг? Професорот Таки Фити можеби ја заборавил оваа лекција откако влегол во МАНУ, но тоа не смее да биде оправдување за политичко манипулирање на јавноста и злоупотребувањето на МАНУ во политичка кампања“, реагираат од владеачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ постави и прашања до претседателот на МАНУ Таки Фити: „Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројчаник“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати?“
„Последниот чин на МАНУ е партиски и политички, а не научен и се додека академијата не се огради од ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
После оваа реакција, бројчаникот беше отстранет, а МАНУ се дистанцираше од истиот, објаснувајќи дека бил објавен на своја рака од соработник на МАНУ, без консултација со Академијата и дека не ги изразувал официјалните ставови на институцијата.
„Бројчаникот кој го мери јавниот долг на Република Македонија изразен во апсолутни броеви, но и релативно во однос на бруто-домашниот производ на земјата, е изготвен во рамките на Центарот за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ, за потребите на нивните истражувања, и е објавен од страна на соработник на Центарот, без претходно да биде информирано раководството на МАНУ и раководителот на Центарот“ се вели во официјалното соопштение на МАНУ по повод бројачникот кој се појави на веб-страната на Академијата на Науки и Уметности. Бројчаникот, според тоа, не изразува официјални ставови на МАНУ“, соопштуваат академиците.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)