Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот профил на „Фејсбук“ ја најави обновата на патот Сопиште-Говрлево.
– При посетата на Општина Сопиште и средбите со граѓаните кои ги имавме во месец септември минатата година, беше побарано, а еве и сега се реализираат постапките за изградба на патот Сопиште – Говрлево. За таа намена, по изработката на проектот, пред неколку дена се распиша и тендер за обнова на патот во должина од околу 8 км за што ќе бидат инвестирани околу 550 илјади евра. Тендерската постапка трае до 22-ри април по што ќе се одбере градежна фирма која ќе започне со реконструкцијата на регионалниот пат – изјави Груевски.
Тој додаде дека во меѓувреме во општината Сопиште во тек е изградба и на фекална канализација за Сопиште и Сончев град и одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода, инвестиција вредна 4,9 милиони евра.
– Со овој проект ќе се помогне на околу 130 илјади жители од овие општини. По завршување со изградбата на канализацијата, веднаш ќе почнеме и со реконструкција на остатокот од регионалното поврзување. Остануваме блиски до народот и во исполнувањето на потребите кои ќе значат подобар живот за граѓаните – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)