| четврток, 6 декември 2018 |

Откријте каква личност сте според тоа што гледате на оваа слика

Погледнете го овој повеќе од 100 години стар цртежи откријте ја најдлабоката мистерија на својата личност.

Screenshot_1

Овој цртеж кружи веќе 100 години под различни имиња, а последниве денови повторно почна да се шири низ социјалните мрежи. Прв пат се појави на разгледница во Германија во 1888 година, а потоа и во еден американски хумористичен магазин во 1918 година. Цртежот е дело на Британецот Вилијам Елиј Хил.

На истата слика се наоѓаат и девојка и старица, а тоа што вие прво ќе го видите кажува каква личност сте.

Screenshot_2

Девојка

Девојката на цртежот е свртена од вас со лицето и гледа во далечина, а од профил ѝ се гледаат носот и трепките. На капата има бел вел, носи бунда, а околу врат има ѓердан.

Толкување: Вие сте секогаш подготвени за забава и за дружење, личност со млад дух, а на светот гледате оптимистично.

Старица

Старицата ја гледате од профил, а увото на девојката е око на старицата. Линиите на нејзиниот образ и вилицата го претставуваат  носот на старицата, ѓерданот се усните, а велот на капата кај старицата повеќе личи на марама.

Толкување: Доколку прво ја здогледавте старицата склони сте кон песимизам, скептични сте и со самото тоа и имате и постар дух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top