| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Таки Фити ја злоупотребува титулата претседател на МАНУ и се занимава со политика пред избори

Proslava 25 god VMRO (23) (Custom)

Тоа што до вчера политички го туркаа невладините организации и портали на СДСМ и на Сорос, стана најновото „научно откритие“ на Таки Фити и на МАНУ, олицетворено во „бројченик“ што го мери државниот долг. Истиот „бројченик“ со кој СДСМ ги манипулираше граѓаните уште во 2014 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Секој студент на економија знае дека долгот се мери во релативна вредност, а не во апсолутна, но очигледно ваквите факти се мистерија за поранешниот неуспешен министер за финансии Таки Фити. Затоа јавно го прашуваме Таки Фити дали ќе се обиде барем малку да се дистанцира од СДСМ и од Сорос и да изработи вистински бројченик, кој ќе покажува секојдневно како расте БДП и корелацијата на БДП и државниот долг? Професорот Таки Фити, можеби, ја заборавил оваа лекција откако влегол во МАНУ, но тоа не смее да биде оправдување за политичко манипулирање на јавноста и злоупотребувањето на МАНУ во политичка кампања.

Јавно го прашуваме Таки Фити дали МАНУ ќе направи апликација „бројченик“ за намалување на невработеноста, потоа друга апликација „бројчаник“ за раст на извозот и уште една за раст на индустриското производство? Дали МАНУ ќе направи апликација со „бројчаник“ за бројот на изградени километри патишта, водоводи, канализациони мрежи, реконструирани и изградени училишта, болници, набавени медицински апарати?

Последниот чин на МАНУ е партиски и политички, а не научен и се додека академијата не се огради од ваквите настапи ВМРО-ДПМНЕ ќе ја третира како клон на СДСМ и соросовите здруженија. За научните потенцијали на Претседателот на МАНУ, кој е и доктор по економски науки, говори и фактот што нема објавено ниту еден труд во меѓународно списание со импакт фактор од типот на Томсон Ројтерс. Целосно инфериорен во науката, анонимус во меѓународните научни кругови, со единствено достигнување да напише учебник и да го продава на сопствените студенти, Таки Фити без трошка срам ја злоупотребува титулата претседател на МАНУ и се занимава со политика пред избори, претворајќи ја МАНУ во невладина организација на Сорос и на СДСМ.

За крај би апелирале до останатите членови на МАНУ да направат истражување дали во некоја држава постои сродна институција како нивната која по сите дефиниции треба да биде врв во науката, каде претседателот на таа институција е пред пензија, а за целиот свој работен век не успеал да направи научен труд кој би бил прифатен во меѓународно списание со импакт фактор. Ние таков пример не успеавме да пронајдеме, но сè уште не се завршени проверките во некои африкански држави.

Доколку претседателот на врвната научна институција не е способен за наука и место тоа се занимава со дневна политика, тогаш легитимно е прашањето дали нему му е местото таму каде што се наоѓа. Тие членови на МАНУ, кои, за разлика од Таки Фити, имаат публикувано научни трудови, кои се меѓународно верификувани, го знаат одговорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top